Триесет и две пакувања со марихуана биле пронајдени при претрес на пратка наменета за осуденик во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје на 9 август во 13:40 часот.
Според информациите од МВР, околу 11 часот истиот ден, при претрес на пратка наменета за 48-годишниот осуденик О.М. од Куманово, биле пронајдени и одземени вкупно 32 пакувања со марихуана.
На местото пристигнале полициски службеници, кои ја подигнале пронајдената дрога за понатамошна постапка.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.