Македонија

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош, но со строго почитување на безбедносните упатства

Пожар го зафати подрачјето кај Манастирски Доленци, се бара помош, но со строго почитување на безбедносните упатства

Голем пожар го зафати подрачјето околу селото Манастирски Доленци во Кичевско, поради што Свештената Пречистанска Обител упати итен апел за помош до сите добронамерни граѓани и доброволци кои се во можност да им помогнат на противпожарните екипи.

Потребна е човечка сила, опрема и друга поддршка за справување со огнената стихија, но надлежните испраќаат сериозно предупредување: помошта мора да се одвива исклучиво во координација со Противпожарната служба и надлежните институции во Кичево.

Во апелот посебно се нагласува дека никој не треба самостојно да се упатува кон зафатените подрачја за да не ги изложи на ризик сопствениот живот и животот на пожарникарите.

„Во вакви моменти најважни се безбедноста, организираноста и заедништвото. Секој кој може да помогне, нека се стави во контакт со надлежните противпожарни служби и нека ги следи нивните инструкции. Никој да не презема ризични активности без директна координација со противпожарните екипи“, порачуваат од Обителта.

Сите граѓани кои сакаат да помогнат во гаснењето на пожарот се повикуваат првично да исконтактираат со Кичевската противпожарна единица и строго да ги следат сите насоки од терен.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни