Македонија

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна ешерихија коли во скопската вода

Повеќе лица повикани во полиција по ширењето информации за наводна ешерихија коли во скопската вода

Повеќе лица попладнево се повикани на информативен разговор во полициска станица по ширењето информации дека водата за пиење во Скопје е загадена со ешерихија коли, јавува Сител телевизија.

Информацијата предизвика вознемиреност кај граѓаните, а според изјави објавени вечерва, МВР веќе презема активности за да се утврди потеклото на информацијата и начинот на нејзиното ширење.

Неофицијално, меѓу повиканите на разговор се и две жени, од кои, според информациите, се бараат одговори како дошле до информацијата и поради кои причини ја споделиле со други лица.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни