Македонија

Исчезната е малолетната Кристина од Охрид, нејзиното семејство апелира до граѓаните за помош

Исчезната е малолетната Кристина од Охрид, нејзиното семејство апелира до граѓаните за помош

Според информациите објавени од семејството, последниот контакт со Кристина бил вчера околу 16 часот, по што ѝ се губи трагата.

Во моментот кога исчезнала, девојката била облечена во црна маица и широки фармерки.

Случајот е пријавен и во полиција, а надлежните преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

„Утринава во 5:45 часот во СВР Охрид било пријавено исчезнување на 15-годишна девојка од Охрид. Нејзиниот 57-годишен татко Н.Ј. пријавил дека вчера околу 16 часот неговата малолетна ќерка К.Ј. се оддалечила од домот“. Од СВР Охрид информираат дека се преземаат мерки за нејзино пронаоѓање.

Семејството апелира секој што ја забележал Кристина или располага со каква било информација која може да помогне во нејзиното пронаоѓање веднаш да се јави во полиција или на телефонските броеви:

075 238 015
075 238 017

„Споделете за да се пронајде што побрзо“, апелира семејството.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни