Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека полициски службеници денеска во 12:20 часот, по преземени мерки и активности, ја пронашле малолетничката на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“.
Во содејство со Центарот за социјални работи, таа е предадена на родителите.