4NEWS.mk

Кабинетот на Зеленски демантира дека Киев и Москва разменија затвореници

Кабинетот на претседателот Володимир Зеленски денеска ги демантираше наводите дека е во тек размена на заробеници со Русија.

Претходно, украинскиот јавен обвинител на Фејсбук објави дека украински затвореници, меѓу кои и морнари и филмскиот режисер Олег Сенцов, патуваат со авион за Украина, по завршување на постапката за размена на затвореници со Русија.

– Размената е завршена: морнари, Сенцов, Карпук, Балух, Гриб летаат дома – напиша пратеничката Ана Исламова под постот на украинскиот главен обвинител.

Едно од предизборните ветувања на Зеленски беше ослободување на притворените Украинци во Русија.

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ацо Ристов, претседател на РКЕ 01.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни