Невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и силни електрични празнења зафати неколку региони низ државата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Според последните мерења и набљудувања, нестабилност е регистрирана во следните региони:
- Охридско-Ресенски Регион: Нестабилно е северно од Ресен, како и североисточно и југоисточно од Охрид.
- Дебарско: Градоносни и нестабилни облаци се забележани југоисточно од Дебар.
- Тиквешија: Нестабилност со пороен дожд и засилен ветер има и северно од Кавадарци.
Од УХМР напоменуваат дека атмосферската нестабилност има генерален правец на движење од север кон југ. Се препорачува претпазливост, особено за возачите кои минуваат низ овие патни правци.