Полицијата во Скопје постапува по пријава против 25-годишен маж од скопско, кој е осомничен за кривично дело „полов напад врз дете“.
Од МВР информираат дека вчера во 09:00 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со А.С. (25).
Постапката следува по претходна пријава поднесена од 48-годишна жена, која пријавила дека 25-годишникот извршил обљуба врз нејзината 14-годишна ќерка. Според пријавата, двајцата биле во љубовна врска.
Од МВР додаваат дека по целосното документирање на случајот, Единицата за насилен криминал – Одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против осомничениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз дете“, согласно член 188 од Кривичниот законик.