Национални шуми ќе изврши масовно пошумување на изгорените делови во големиот пожар во околината на Велес.
Пошумувањето ќе почне веднаш штом се создадат услови за тоа.
-Целта на ЈП Национални шуми со овие пошумување е да се обноват и да се вратат еколошкитe функции кои ги имаа овие зелени површини пред да се случат овие катастрофални пожари, бидејќи секоја вредност на еден или на друг начин се надоместува, но за еколошката вредност се потребни години, односно подолг временски период за да се врати во првобитната состојба. Затоа ЈПНШ во својот план кој го подготвува ќе го земе во овој момент како важен при изборот на дрвните видови кои ќе бидат искористени за пошумување на овие опожарени површини, рече директорот Ѓорѓиев.
Освен во околината на Велес, вонредно пошумување е планирано и за Пониква каде летово исто така имаше огромен пожар.
Даниел Василев