Пожар избувнал во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) во близина на селото Цветово, Скопско, при што, за среќа, нема повредени лица.
Случајот бил пријавен вчера околу 15 часот во СВР Скопје од 59-годишниот возач Д.В. од Скопје. Според пријавеното, додека управувал со автобусот, пред влезот во село Цветово забележал чад кој доаѓал од предниот дел на возилото.
Возачот веднаш го запрел автобусот и со противпожарен апарат го локализирал и изгаснал пожарот.
Во инцидентот нема повредени лица, а увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.