Македонија

Запленети повеќе од 1,3 килограми златен накит од златарница во Гостивар

Запленети повеќе од 1,3 килограми златен накит од златарница во Гостивар

Повеќе од еден килограм златен накит е одземен при акциска контрола во златарница во центарот на Гостивар, соопшти полицијата.

Контролата била спроведена на 18 август, во периодот од 11:30 до 21:05 часот, од полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Царинската управа, Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат.

Била извршена контрола во златарница во сопственост на 64-годишниот Ќ.М. од Гостивар.

При контролата, поради непријавување, односно поради немање соодветно обележје – жиг, Државниот пазарен инспекторат од вработениот З.М. (59) од Гостивар одзел 1 килограм и 327 грама златен накит.

Вредноста на одземениот накит е проценета на околу 86.959 евра.

Од полицијата информираат дека златниот накит е одземен за понатамошна постапка што ќе ја води Државниот пазарен инспекторат.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни