Македонија

Осумгодишно дете повредено од барутни честички било донесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

Осумгодишно дете повредено од барутни честички било донесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“

Осумгодишно дете од велебрдско било донесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје откако се здобило со повреди на раката предизвикани од барутни честички, информира СВР Тетово.

Случајот бил пријавен во полицијата на 18 август во 14:33 часот, откако од скопските клиники било известено дека кај нив било донесено детето за укажување лекарска помош.

Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите под кои настанала повредата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни