Македонија

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над 100.000 денари

Шабан Салиу доби нова функција во Влада и плата над 100.000 денари
Шабан Салиу / 4NEWS.mk

Поранешниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите, по разрешувањето од министерската фотелја доби нова владина функција: национален координатор за следење на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.

Одлуката била донесена на владина седница на 21 јули, практично во истиот период кога Салиу престана да биде член на Владата, а на неговото министерско место беше избран Ерџан Демир. Наместо излез од извршната власт, за Салиу реконструкцијата заврши со преместување на друга функција во истата Влада.

Според јавно објавените податоци за овие позиции, нивните месечни примања се движат од околу 100.000 до 125.000 денари, зависно од утврдениот коефициент и стажот. За повеќе национални координатори претходно беше утврден коефициент од 2,87.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни