Македонија

Ислам Абази нема да бара нов мандат на чело на Обвинителството за гонење на организиран криминал

Ислам Абази нема да бара нов мандат на чело на Обвинителството за гонење на организиран криминал

Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), Ислам Абази, најави дека нема да се кандидира за втор четиригодишен мандат на оваа функција.​

„После осум години човек треба да знае дека е доволно, треба да им се даде можност и на другите колеги“, изјави Абази, ставајќи точка на шпекулациите околу неговата евентуална повторна кандидатура.

Пред да застане на чело на ОЈО ГОКК во ноември 2022 година, Абази раководеше со Вишото јавно обвинителство во Гостивар од 2018 година. Најави дека таму ќе се врати по завршување на мандатот.

Беше избран на непосредни избори на кои гласаа сите јавни обвинители во државата — модел применет за првпат согласно тогашните законски измени. Тој освои 66 гласови, победувајќи ги противкандидатите Ермон Незири, Вилма Русковска и Фатиме Фетаи.

Неговиот избор во 2022 година предизвика силни реакции кај домашната јавност и меѓународниот фактор (вклучително и амбасадите), главно поради неговата дотогашна медиумска анонимност и сомнежите за блиски релации со функционери на ДУИ, што произлезе од фотографии објавени на социјалните мрежи. Абази тогаш демантираше какво било партиско влијание или членство, тврдејќи дека функцијата ќе ја извршува независно и професионално.

Советот на јавни обвинители веќе има распишано нов оглас.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни