По истекот на актуелниот мандат, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ќе добие нов раководител. Актуелниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази, потврди дека нема да се кандидира за уште еден четиригодишен мандат.
Мандатот на Абази истекува на 8 ноември, а постапката за избор на негов наследник веќе е започната. Новиот шеф на ОЈО ГОКК треба да биде избран во октомври, со учество на обвинителите од целата држава.
Абази ја презеде функцијата по долгогодишно искуство во јавното обвинителство. Пред да застане на чело на ОЈО ГОКК, од 2018 година раководеше со Вишото јавно обвинителство во Гостивар.
По завршувањето на мандатот, Абази најави дека ќе се врати на својата претходна позиција во ВЈО Гостивар.
Со неговото одлучување да не влезе во трката за втор мандат, претстои избор на нов раководител на обвинителството кое ги гони случаите поврзани со организиран криминал и корупција.