Македонија

82-годишник физички ја нападнал својата 78-годишна сопруга во Велес

82-годишник физички ја нападнал својата 78-годишна сопруга во Велес

Полицијата во Велес лиши од слобода 82-годишен маж, по пријава дека физички ја нападнал неговата 78-годишна сопруга. Според пријавеното, насилството се случувало подолг временски период.

Од СВР Велес информираат дека на 20 август 2026 година во 15:05 часот полициски службеници го лишиле од слобода Т.Б. (82), жител на село во велешко.

Мажот бил приведен по претходно добиена пријава дека физички ја нападнал својата 78-годишна сопруга. Според досегашните наводи, ваквите случаи се повторувале во подолг временски период.

За случајот бил известен јавен обвинител, како и Центарот за социјални работи Велес.

Од полицијата посочуваат дека по целосното документирање на настанот против 82-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни