Македонија

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција од воздух

Пожарот кај Никуштак и натаму активен – се очекува интервенција од воздух

Пожарот во атарот на липковското село Никуштак и денеска останува активен, а надлежните екипи продолжуваат со интервенциите за спречување на неговото понатамошно ширење.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, информира дека на терен во моментов се ангажирани пожарникари од Куманово со три противпожарни возила, како и екипи на ЈП „Национални шуми“.

Од ЦУК посочуваат дека можноста за гаснење од воздух ќе зависи од временските услови. Доколку условите дозволат, во текот на денот се очекува воздушна интервенција со цел огнот побрзо да биде ставен под контрола.

Али, кој директно ги координира активностите на терен, вели дека екипите се максимално ангажирани за ограничување на пожарот и заштита на населените места и имотот на граѓаните.

Пожарот кај Никуштак беше оценет како особено сериозен и во утринскиот извештај на директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој информираше дека пожарот е надвор од контрола и покрај вчерашното дејствување од воздух.

Во текот на вчерашниот ден, „ер тракторите“ во повеќе наврати интервенирале на пожарот, при што биле исфрлени вкупно 81 тон вода.

Надлежните служби продолжуваат со следење на состојбата и со координирани активности на терен, а евентуалната воздушна интервенција дополнително би требало да придонесе за локализирање на огнената линија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни