Пожарот што го зафати селото Церово во Општина Желино е под засилен надзор, а надлежните екипи се со максимален ангажман на терен за негово локализирање и спречување на натамошното ширење.
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али, заедно со командантот на ТППЕ Тетово, Авни Ахмети, се на терен и непосредно ја следат состојбата со пожарот.
Во гаснењето се ангажирани екипите на ТППЕ Тетово, кои активно работат на совладување на огнената стихија и ставање на пожарот под контрола во најкус можен рок.
Од ЦУК упатуваат апел до граѓаните на зголемена внимателност и совесно однесување, особено при движење и престој на отворен простор. Одговорното однесување е од особено значење за спречување на избувнување нови пожари и ограничување на нивното ширење.