Балкан

Крадец однел сеф со 400.000 евра и злато од куќа во Белград

Крадец однел сеф со 400.000 евра и злато од куќа во Белград

Сеф тежок со стотици илјади евра и голема количина златен накит бил украден од приватен дом во една белградска населба, во грабеж кој според првичните сознанија бил внимателно испланиран.

Кражбата била откриена на 21 август, кога сопственикот се вратил во својот дом и ја затекнал влезната врата провалена. Тој веднаш го пријавил случајот во полиција.

Според првичните информации, од куќата бил однесен сеф во кој имало околу 400.000 евра во готово, како и голема количина златен накит.

Се претпоставува дека сторителот имал информации за движењето на сопственикот и знаел дека тој неколку дена нема да биде во домот. Дополнително, се истражува и можноста крадецот да знаел каде точно се наоѓа сефот.

Полицијата извршила увид на местото и започнала со прибирање материјални траги и други информации кои би можеле да помогнат во откривањето и идентификувањето на сторителот.

Засега нема информации за осомничени лица, а истрагата за необичниот грабеж продолжува.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни