Македонија

ИСЧЕЗНА 83-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ: Трајан последен пат виден во Кисела Вода

ИСЧЕЗНА 83-ГОДИШЕН СКОПЈАНЕЦ: Трајан последен пат виден во Кисела Вода

Семејството и полицијата трагаат по 83-годишниот Трајан Георгиевски од Скопје, кој исчезнал утринава во скопската населба Кисела Вода.

Според информациите од семејството, Георгиевски го напуштил својот дом и се упатил кон кулите кај Расадник, по што му се губи трагата.

Неговиот мобилен телефон во моментов е исклучен, а блиските се обидуваат да дознаат дали некој од граѓаните го забележал на местата каде што вообичаено се движи.

Исчезнувањето е пријавено во полиција, а семејството апелира до сите граѓани кои можеби го виделе Георгиевски денеска да споделат каква било информација.

Сите кои имаат информации можат да се јават на:

075/327-019
078/813-202

Секоја информација што може да помогне во неговото пронаоѓање е важна.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни