Претпладне ќе биде сончево и топло, а попладне и во вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 38 степени.
Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемена облачност, а наместа ќе има услови за пороен дожд, засилен ветер и грмежи. T=38°C. P=978hPa. U=21%. V=5m/s. UV index=7.
Следува период на сончево и топло време. Попладне наместа ќе има изолирана појава на нестабилност со локален пороен дожд и грмежи.