Современите спортски терени во средните училишта во Скопје треба да им овозможат на младите подобри и побезбедни услови за спорт, рекреација и развој на здрави навики.
Новите игралишта се опремени со квалитетни и издржливи полипропиленски подови, од ист тип како оние што биле користени на Летните олимписки игри во Париз во 2024 година. Со тоа, средношколците добиваат услови за тренинг, игра и натпревари кои се поблиски до професионалните стандарди.
Инвестициите во спортската инфраструктура имаат за цел да го поттикнат младите повеќе да се занимаваат со спорт и своето слободно време да го поминуваат активно и здраво.
Спортот, освен што придонесува за физичкото здравје, кај младите развива дисциплина, самодоверба, истрајност и тимски дух.
Од градските власти посочуваат дека унапредувањето на спортските услови во училиштата ќе продолжи и во иднина, со цел Скопје да добие современа и функционална спортска инфраструктура, во која ќе растат нови генерации спортисти.