Поради официјалната посета на косовскиот премиер Албин Курти, утре, 26 август, во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен сообраќаен режим на подрачјето на главниот град.
Курти во среда ќе престојува во официјална посета на Македонија, а поради неговото движење низ Скопје се очекуваат привремени ограничувања и пренасочувања на сообраќајот на одредени улици и булевари.
Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници.