Македонија

Трајко Вељаноски бара Заев да одговара кривично затоа што не ги исполнил ветувањата пред граѓаните

На седницата во Собранието на која на дневен ред е изборот на новите министри, опозицијата обвини дека премиерот Заев треба да одговара за тоа што не ги исполнил неговите ветувања.

Трајко Вељановски – пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ од собраниската говорница рече дека треба да се размислува и за ставање на кривично дело – измама на избирачи. И доколку власта не ги исполни ветувањата од програмата да одговара за тоа кривично дело.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни