ЈП „Комунална хигиена“-Скопје продолжува со секојдневно одржување на хигиената околу садовите за одлагање комунален отпад, при што екипите рачно ги мијат микролокациите на контејнерите во сите скопски општини.
Миењето најчесто се реализира во доцните вечерни часови, откако ќе заврши празнењето на контејнерите, со цел просторот околу нив да биде дополнително исчистен и уреден.
Покрај оваа активност, претпријатието континуирано спроведува и машинско миење на скопските улици и булевари со употреба на автоцистерни.
Во пресрет на големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје извршиле миење на целиот простор пред црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во центарот на Скопје.
Бил исчистен и просторот во непосредната околина, како и дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во кањонот Матка.
Од претпријатието посочуваат дека активностите за одржување на хигиената продолжуваат во континуитет на повеќе локации низ градот.