Жена од Венецуела пријавила дека била физички нападната во апартман во скопската општина Центар, при што ѝ биле одземени два мобилни телефони.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 27 август 2026 година во 11:20 часот во Полициската станица Центар, Л.А.Ц.Г. (37) од Венецуела пријавила дека околу 03:00 часот била физички нападната во апартманот во кој престојувала.
Таа во пријавата навела дека претходно телефонски се договорила да се сретне со Б.Џ. од Косово, кој живее во Лондон. По средбата, според нејзините наводи, тој физички ја нападнал и ѝ одзел два мобилни телефони.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.