Македонија

Варнс со честитка за 35 години независност: Заедно градиме побезбедна и попросперитетна иднина

Варнс со честитка за 35 години независност: Заедно градиме побезбедна и попросперитетна иднина

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Никол Варнс, упати честитка до граѓаните по повод 35 години од независноста на државата, нагласувајќи го значењето на партнерството и пријателството меѓу Северна Македонија и Соединетите Американски Држави.

„Во име на Амбасадата на САД, им честитам на граѓаните на Северна Македонија 35 години независност“, порача Варнс.

Во честитката, таа истакна дека годишнините се можност да се одбележи постигнатиот напредок, но и да се погледне кон иднината и кон она што двете земји можат заеднички да го изградат.

„Додека Северна Македонија одбележува 35 години независност, а Соединетите Американски Држави слават 250 години слобода, работиме на зајакнување на нашето партнерство за да ги направиме двете наши земји побезбедни, посилни и попросперитетни“, истакна американската амбасадорка.

Варнс, во име на тимот на Амбасадата на САД, им посака на граѓаните среќен Ден на независноста и уште многу години соработка и пријателство меѓу двете држави.

„Од сите нас во Амбасадата на САД, ви посакуваме среќен Ден на независноста и уште многу години соработка и пријателство. Среќен Ден на независноста!“, порача Варнс.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни