Автомобилите регистрирани во Германија во текот на 2025 година заедно поминале неверојатни 674,7 милијарди километри, покажуваат податоците на германската статистика. Вкупната километража е зголемена за 0,7 проценти во однос на 2024 година.
Најголем дел од патувањата и натаму се реализирани со патнички автомобили. Тие учествувале со 83,3 проценти во вкупната километража, односно со 562,3 милијарди изминати километри.
Податоците се добиени од отчитувањата на километражата на возилата при нивното редовно регистрирање. Германската статистика на овој начин ја следи вкупната километража од 2023 година.
Интересен тренд се забележува кај електричните автомобили. Тие во 2025 година поминале 25,8 проценти повеќе километри во споредба со претходната година. Просечната годишна километража на електричен автомобил достигнала 11.312 километри.
За споредба, автомобилите со бензински мотори во просек минувале по 8.406 километри годишно.
Уште поголема просечна километража имале хибридите без приклучок за полнење. Тие во просек поминале 13.526 километри, што претставува раст од 26,2 проценти и најголемо зголемување меѓу различните типови погон.
Приклучните хибриди, пак, во просек поминале 13.575 километри. Иако ова е највисока просечна километража меѓу категориите, во 2025 година нивната вкупна километража била за 4,9 проценти пониска во однос на 2024 година.
И покрај растот на електричните и хибридните возила, бензинците и дизелите сè уште доминираат во вкупната километража. На бензинските автомобили отпаѓаат 47,4 проценти од сите изминати километри, додека дизелите учествуваат со 35,4 проценти.
Сепак, и кај двата типа возила е регистриран пад. Бензинските автомобили во 2025 година поминале 1,3 проценти помалку километри отколку во 2024 година, додека кај дизелите намалувањето изнесува 4,1 процент.
Статистиката покажува дека и покрај постепеното зголемување на бројот и употребата на електричните возила, традиционалните бензински и диз