Македонија

Пронајдено безживотно тело на 31-годишен скопјанец во Охридското Езеро

Пронајдено безживотно тело на 31-годишен скопјанец во Охридското Езеро
Полиција во Охридското езеро / Фото: 4news.mk

На 15.09.2026 во 22:00 часот, по преземени мерки од полициски службеници од езерската полиција и од СВР Охрид, во близина на авто камп, на околу 50 метри од копно во водите на Охридското езеро, пронајден е починат Б.С.(31) од Скопје.

Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итната медицинска помош, препознавање извршил член на неговото семејство а по насоки на јавен обвинител врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.

Инаку, на 14.09.2026 во 18:10 часот во СВР Охрид, З.С. (68) од Скопје за исчезнат го пријави неговиот син Б.С.(31) од Скопје, со кого престојувал во автокамп во Охрид.  

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни