Македонија

Фрчковски го вика Лефков на тест за дрога, тој му врати: „Пријави ги дилерите!“

Фрчковски го вика Лефков на тест за дрога, тој му врати: „Пријави ги дилерите!“

Јавната преписка меѓу Јон Фрчковски и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, добива нова епизода со меѓусебни предизвици и тешки обвинувања околу користењето наркотици.

Откако поминаа осум дена од неговиот прв повик, Фрчковски преку социјалните мрежи повторно побара од Лефков заедно да ги посетат лабораториите и да направат тест за присуство на супстанции.

„Миле, кога ќе одиме? Поминаа осум дена откако те прозивам. Мислиш дека со недела-две нешто ќе сокриеш? Џабе го трошиш времето, треба да минат месеци и години. Те повикав да се тестираме за наркотици, а ти кажав дека ќе бидеме фер и за алкохол нема ни да правиме муабет“, рече Фрчковски.

Наместо директен одговор дали ќе застане пред лабораториските анализи, пратеникот Лефков му упати контрапредизвик, обвинувајќи го Фрчковски дека се обидува да направи „реалити-шоу“ од сериозна тема.

„Ако веќе јавно признаваш дека си користел дрога, пријави ги оние од кои си ја набавувал! Имињата на твоите дилери и право во Единицата за недозволена трговија и во ОЈО – Јон, тоа е вистинскиот предизвик“, му врати Лефков.

Пратеникот од владејачкото мнозинство во својата реакција додаде и дека Фрчковски ужива повластен третман од страна на надлежните органи, посочувајќи дека обичните граѓани за вакви случаи подлежат на истраги и претреси.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни