Македонија

ЗНАМ чека уште еден заменик-министер: „Не бркаме функции, туку сакаме одговорност“

ЗНАМ чека уште еден заменик-министер: „Не бркаме функции, туку сакаме одговорност“

Движењето ЗНАМ очекува во текот на следниот месец да добие уште една заменик-министерска позиција во Владата, но засега не открива за кој конкретно ресор станува збор. Ова денеска го изјави партискиот лидер Максим Димитриевски пред почетокот на настанот на кој ЗНАМ поднесе отчет за работата на своите избрани и именувани функционери.

Димитриевски истакна дека коалициските односи во Владата се на одлично ниво и дека одлуката за новото место треба да биде дефинирана во соработка со мандатарот.

„Очекуваме дополнително уште едно заменичко место, во ресор што треба да се дефинира во текот на следниов месец. Разговараме за неколку опции, но не би сакал да шпекулирам. Мандатарот е најповикан да даде одговор и верувам дека до крајот на месецот ќе има соодветно излагање“, изјави Димитриевски.

Тој додаде дека ЗНАМ влегла во Владата нудејќи „карт бланш“ за да се спречи праксата каде што помалите етнички партии ги уценуваат поголемите политички субјекти кои ја добиле масовната поддршка од граѓаните. Според него, партијата се води исклучиво од принципот на преземање одговорност, а досега до него не пристигнале никакви забелешки за работата на нивните кадри од вториот и третиот ешалон.

Говорејќи за досегашниот ангажман, лидерот на ЗНАМ посочи дека тие се единствениот субјект што по две години партиципација во власта излегува со јавен отчет. Тој нагласи дека за нивните функционери нема ниту една корупциска афера и дека фокусот останува на подобрување на социо-економскиот живот и владеењето на правото.

Според Димитриевски, Владата успеала да ја стабилизира државата од „минус состојба“ и длабока задолженост, додека тековните капитални и инфраструктурни проекти се резултат на заедничката работа на сите коалициски партнери.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни