Македонија

ЦУК: Шест пожари на отворен простор до 13 часот, еден сè уште активен

ЦУК: Шест пожари на отворен простор до 13 часот, еден сè уште активен

Шест пожари на отворен простор се регистрирани во земјава до 13 часот, од кои еден и натаму е активен, а еден е ставен под контрола, информира Центарот за управување со кризи.

Активниот пожар е во Општина Сарај, во близина на селото Рашче, каде што гори сува трева.

Пожар е ставен под контрола и на територијата на Општините Македонски Брод и Сопиште. Огнот избувнал кај селото Белица, во месноста Кајорец, од каде што се проширил кон Јасен, а зафатена е нискостеблеста и мешана шума.

Во текот на денот се изгаснати уште четири пожари.

Во Општина Илинден горела сува трева кај Кадинска петља на автопатот Скопје–Велес. Во Општина Куманово пожарот бил пријавен во близина на касарната „Христијан Карпош“, каде што гореле сува трева и ѓубре.

Пожари биле регистрирани и во селото Ногаевци во Општина Велес, како и по Демир Капија, пред тунелите. И во двата случаи горела сува трева.

Според информациите на ЦУК, до 13 часот на 22 септември се регистрирани вкупно шест пожари на отворен простор во земјава.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни