Универзитетската клиника за детски болести соопшти за нова радост и уште една победа на мал херој. Бајрам силно го заѕвони „победничкото ѕвонче“, означувајќи дека ја доби тешката битка.
„Победничкото ѕвонче повторно силно одекна, за сите да слушнат дека нашиот херој Бајрам храбро ја помина и ја совлада тешката битка“, информираат од Клиниката за детски болести.
Од Клиниката му посакаа на Бајрам многу здравје и среќен живот, исполнет со радост и успеси.
Минатата недела, на „победничкото ѕвонче“ чукна и малиот Ефнан, најавувајќи уште една радосна победа.