Македонија

„Филтер 2“: Координирана акција на Царината и МВР поради криумчарење и царинска измама

„Филтер 2“: Координирана акција на Царината и МВР поради криумчарење и царинска измама
Фото: 4news.mk

Нова координирана акција на надлежните институции е во тек утрово под кодно име „Филтер 2“, потврди Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

Акцијата ја спроведуваат Царинската управа и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР-БЈБ, под раководство на јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.

Од ОЈОГОКК информираат дека акцијата е резултат на спроведена криминалистичка истрага поради постоење основано сомнение за сторени повеќе кривични дела.

Меѓу делата кои се предмет на истрагата се криумчарење и царинска измама, при што, според Обвинителството, е предизвикана штета на државниот буџет од големи размери.

Од ОЈОГОКК најавуваат дека јавноста ќе биде дополнително информирана по завршувањето на активностите.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни