Додека го уживаме викендот на отворено, мала потсетувачка да не ги забораваме спрејовите против комарци!
Институтот за јавно здравје информира дека во земјава се евидентирани 70 случаи на Западнонилска треска.
Главното жариште и понатаму е Скопје, каде што се забележани дури 63 од нив, а деновиве е регистриран и првиот случај во Тетово. По неколку случаи има и во Велес, Куманово, Свети Николе и Кавадарци.
Затоа, ако планирате пикник, прошетка во парк или дружење во двор — заштитете се од убоди и уживајте во слободните денови!