Македонија

МРТ го возобновува „Скопски фестивал“, се враќа легендарната сцена за македонската забавна музика

МРТ го возобновува „Скопски фестивал“, се враќа легендарната сцена за македонската забавна музика

Македонската радио-телевизија (МРТ) го најави возобновувањето на еден од најпрепознатливите и најзначајните музички брендови во земјата „Скопскиот фестивал“. Како дел од стратегијата за сопствено производство и промоција на домашното творештво, јавниот сервис планира фестивалот повторно да стане централен телевизиски и музички настан, дознава 4news.mk

Возобновувањето на легендарниот „Скопски фестивал“ не е замислено како изолиран музички настан, туку како завршна алка во амбициозниот продукциски синџир што Македонската радио-телевизија го најавува со својата нова програмска шема. Јавниот сервис во 2027 година планира да влезе во реализација на двата најголеми светски музички лиценцирани формати „Македонски идол“ и „Икс Фактор“, а сцената на Скопскиот фестивал треба да биде нивната природна надградба.

Идејата на МРТ е да се надмине долгогодишниот проблем на регионалните и светските талент-шоуа, каде младите надежи брзо исчезнуваат од јавноста веднаш по спуштањето на завесите во финалето. Преку комбинирање на аудициите, селекцијата и менторскиот систем од „Идол“ и „Икс Фактор“, јавниот сервис ќе открива и развива нови вокални потенцијали солисти, дуети и групи. Победниците и најуспешните финалисти ќе добијат директна поддршка за создавање сопствена, оригинална музика.

Токму тука влегува во игра „Скопскиот фестивал“. Тој повторно се позиционира како централна национална платформа на која овие нови изведувачи нема да бидат само таленти што интерпретираат туѓи песни, туку ќе застанат со авторски композиции специјално создадени за нив во соработка со домашни композитори, текстописци и аранжери.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни