Македонија

Во сабота ќе се одржи 50-тиот „Марш на ангелите“ во Кочани

Во сабота ќе се одржи 50-тиот „Марш на ангелите“ во Кочани

Во Кочани во сабота, 3 октомври, ќе се одржи 50-тиот „Марш на ангелите“, посветен на 63-те жртви од трагичниот настан во Кочани.

Маршот ќе започне во 17:05 часот од Паркот на Револуцијата, информираат од Здружението на граѓани „16-ти Март 2025“.

Од здружението наведуваат дека ова ќе биде 50-ти марш, како и 50-то судско рочиште, при што повторно ќе излезат на улица и во судница со барања за вистина, одговорност и правда.

„По педесет рочишта, сè уште чекаме – во неизвесност и исчекување на одлуката“, се наведува во објавата.

Од здружението додаваат дека нема да се откажат од барањата и дека ќе продолжат да маршираат во спомен на загинатите.

Маршот ќе започне во 17:05 часот од Паркот на Револуцијата во Кочани.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни