Македонија

Денеска се празнува Преподобен Харитон Исповедник: Именден слават Харитон, Радој и Радмило

Денеска се празнува Преподобен Харитон Исповедник: Именден слават Харитон, Радој и Радмило

Православните верници денеска, 11 октомври, односно 28 септември според стариот календар, го празнуваат Преподобен Харитон Исповедник. Именден слават Харитон, Радој и Радмило.

Според црковното предание, свети Харитон бил угледен и благочестив граѓанин на Иконија, кој јавно ја исповедал христијанската вера. За време на гонењето на христијаните во времето на царот Аврелијан, бил изведен пред суд и подложен на тешки измачувања бидејќи одбил да им се поклони на идолите.

По смртта на Аврелијан бил ослободен од затвор и се упатил кон Ерусалим. На патот бил заробен од разбојници, но, како што се наведува во неговото житие, се избавил по Божја промисла.

Потоа се повлекол во Фаранската пустина, каде што основал монашка обител и собрал многубројни монаси. Во стремежот кон повлечен живот, подоцна основал уште две обители – Харитоновата, во близина на Ерихон, и Сукиската, позната и како Стара Лавра.

Според житието, се упокоил во длабока старост, на 28 септември 350 година. Неговите мошти почиваат во првата обител што ја основал, а нему му се припишува и составувањето на чинот за монашки потстриг.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни