Македонија

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“ во Свети Николе за штета од 3,4 милиони денари

Кривична пријава за поранешен директор на „Национални шуми“ во Свети Николе за штета од 3,4 милиони денари

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Б.И.(62) Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Пријавениот, како директор на ЈП „Национални шуми“ – подружница Шумско стопанство „Шумарство“ – Свети Николе, од јули до ноември 2023 година склучил три договори за купопродажба на дрвни сортименти без претходно спроведена постапка, без однапред утврдени критериуми и без обезбедување на транспарентен и конкурентен избор на правно лице, со што му овозможил на правно лице од велешко  да се стекне со противправна имотна корист од 3.422.592 денари.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни