Македонија

Трагедија кај Ѓорче Петров: Грчки ловџија пронајден починат

Трагедија кај Ѓорче Петров: Грчки ловџија пронајден починат

На 11.10.2026 во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Ново Село, општина Ѓорче Петров, бил пронајден починат Е.П.(69) од Грција, кој бил во лов со пријатели.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а пушката која починатиот ја носел со себе е подигната од увидна екипа за понатамошна постапка.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со д-р Александра Грозданова, претседателка на комисијата за имунизација

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни