Македонија има голем број вработени чии примања се движат непосредно над минималната плата, што претставува еден од клучните проблеми за животниот стандард и структурата на платите во државата. На ова предупреди универзитетскиот професор Борче Треновски во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ.
Според податоците на кои се повика професорот, иако релативно мал дел од вработените земаат точно минимална плата, многу поголем број имаат примања само малку повисоки од неа.
„На минимална плата се околу три проценти. Меѓутоа, ако го земете распонот од една до една и пол минимална плата, доаѓате до околу 40 проценти. Значи, имаме огромна популација што живее со плата околу минималната плата, не точно минималната, туку околу неа“, истакна Треновски.
Тој објасни дека ваквата структура создава дополнителни предизвици при секое зголемување на минималната плата, бидејќи се зголемува притисокот за корекција и на останатите плати.
Според професорот, во дел од европските земји постои поголемо растојание меѓу минималната плата и примањата на останатите категории вработени.
„Минималната плата е само подот, социјалниот под. Ние не треба да се бориме само за минималната плата. Треба да се бориме за ситуација во која ќе растат сите плати“, порача Треновски.
Тој нагласи дека зголемувањето на примањата мора да биде поврзано со продуктивноста, квалификациите и можностите на компаниите долгорочно да ги исплаќаат повисоките плати.
Дополнително, професорот предупреди дека зголемувањето на минималната плата има ефекти и врз јавниот сектор, каде што дел од примањата се утврдуваат врз основа на законски механизми.
Според него, Македонија треба да создаде економија во која граѓаните ќе можат да добиваат значително повисоки примања, наместо голем дел од вработените пост