Денеска времето во Македонија ќе биде претежно сончево, со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 2 до 11 степени, додека максималните ќе достигнат од 18 до 24 степени.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со слаб до умерен ветер од северен правец.
Од среда попладне следува промена на временските услови, со зголемена облачност и локални врнежи од дожд. Температурите ќе се движат од 4 до 12 степени наутро, а дневните ќе достигнат од 17 до 23 степени.
Во четврток се очекуваат пообилни и поројни врнежи од дожд, проследени со повремени грмежи. Максималните температури ќе бидат од 13 до 21 степен.
До четврток во котлините ќе има услови за утринска магла и ниска облачност, додека во петок се очекува засилен северозападен ветер.