Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено попладне и во текот на ноќта. Наместа врнежите ќе бидат поројни проследени со појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Скопје, променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни, проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Утре ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд во утринските часови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во сабота ќе се задржи стабилно време, а во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Во деновите потоа следи стабилизирање на времето.