Посетата на претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу, ќе донесе привремени измени во одвивањето на сообраќајот во централното градско подрачје на Скопје. Поради официјалната посета на делегацијата од Косово, за утре, 27 октомври, полицијата најави воведување посебен сообраќаен режим.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе соодветни мерки за регулирање на сообраќајот во централното подрачје на главниот град.
Надлежните апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат полициските службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот за време на посетата.