Претседателската кампања во Бугарија не понудила одговор на проблемот што непосредно ги засега граѓаните — поскапувањето на секојдневниот живот. Тоа, според новинарот Румен Скрински од Aktualno.com, е едно од објаснувањата за слабата мотивираност за гласање.
Во гостувањето во „Ноќно студио“ на 4ТВ, тој оцени дека економските грижи имале поголема тежина за дел од избирачите од пораките на претседателските кандидати.
„Предизборната кампања тука, според мене, не успеа да одговори на основното прашање што ги засега бугарските граѓани, а тоа е зголемувањето на цените“, вели Скрински.
Тој посочува дека особено се чувствува товарот од цените на основните прехранбени производи.
„Луѓето го чувствуваат тоа врз својот џеб“, нагласува новинарот.
Според неговата анализа, отсуството на убедливи одговори за трошоците за живот придонело дел од граѓаните да не видат причина да излезат на изборите.
Скрински го поврзува однесувањето на избирачите со јазот меѓу темите во кампањата и нивните секојдневни потреби. Неговата оценка е дека политичките пораки не успеале доволно да допрат до луѓето што се соочуваат со сè поголеми издатоци за производи и услуги.