Балкан

Мања Грчиќ поднесе оставка од функцијата директорка на РТС

Мања Грчиќ поднесе оставка од функцијата директорка на РТС

Мања Грчиќ поднела оставка од функцијата генерална директорка на Радио-телевизија Србија (РТС), потврдија за телевизијата Н1.

Според неофицијални информации, Мања Грчиќ претходно ја сменила уредничката на Информативната програма, Бојана Млаѓеновиќ, и го предложила Боривоје Ускоковиќ за нејзин наследник. Тој е долгогодишен уредник на централниот дневник. Дел од вработените се побуниле против овој предлог.

Повеќе од 70 отсто од вработените за нов директор го предложиле Јован Мемедовиќ, Милица Јањиќ за директорка на маркетингот, а Лидија Георгиев за главна уредничка на Информативната програма на РТС.

Како што дознава Н1, во секој момент се очекува да се одржи електронска седница на Управниот одбор на РТС.

Оставката на Мања Грчиќ следуваше откако кандидатите на Студентската листа и дел од вработените во РТС побараа таа да се повлече, како и другите членови на раководството и уредниците на Информативната програма.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни