Свет

Шпанскиот министер за транспорт: Несреќата ја предизвикала необјаснива погрешна наредба од контролниот центар

Шпанскиот министер за транспорт: Несреќата ја предизвикала необјаснива погрешна наредба од контролниот центар

Погрешна наредба од железнички диспечер, по дефект на сигналниот систем, довела до смртоносната железничка несреќа што се случила во средата, изјави шпанскиот министер за транспорт. Најмалку 64 лица загинале во судирот на два брзи воза во Шпанија, соопшти регионалната влада на Кастилја-Ла Манча.

Уште 80 лица добиваат медицинска помош поради повредите здобиени во судирот на двата брзи воза.

На прес-конференција во средата попладне, министерот за транспорт Оскар Пуенте изјави дека дефект во компјутерскиот систем на главната железничка сигнализација предизвикал автоматско запирање на сите возови во таа област, вклучително и брзиот воз на компанијата „Ренфе“ и возот на компанијата „Ирио“, кои учествувале во судирот.

Потоа, контролниот систем на компанијата „Адиф“, која управува со железничката инфраструктура во Шпанија, го презел управувањето со системот.

Била донесена одлука возот на компанијата „Ренфе“ да го продолжи патувањето, па му било одобрено понатамошно движење и покрај тоа што црвениот сигнал, кој забранува поминување, сè уште бил вклучен.

Во меѓувреме, возот на компанијата „Ирио“ останал запрен на пругата, на околу 25 километри пред него.

Според Пуенте, на возот на „Ренфе“ му било дозволено да продолжи со движењето без никакви ограничувања на брзината. Тоа значи дека меѓу 8:36 и 8:52 часот наутро по локално време, возот поминал приближно 25 километри со брзина од околу 200 километри на час, пред да се судри со возот на компанијата „Ирио“, пренесува Си-Ен-Ен.

Шпанскиот министер за транспорт ја опиша несреќата како „навистина тешко замислива“, оценувајќи дека одлуката на контролниот центар да му дозволи на возот на „Ренфе“ да го продолжи патувањето, додека возот на „Ирио“ стоел на пругата, била „необјаснива“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио за изборите во Србија и Бугарија со Синиша Пекевски, Игор Бесермењи и Румен Скрински

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни