Македонија

Од 1 мај директна авионска линија Скопје – Тиват, летови двапати неделно

Од 1 мај директна авионска линија Скопје – Тиват, летови двапати неделно

Патувањето меѓу Македонија и Црна Гора наскоро ќе биде полесно, откако е договорено воспоставување директна авионска линија меѓу Скопје и Тиват. Новата линија треба да започне со работа на 1 мај, а во почетната фаза ќе има два лета неделно.

Информацијата денеска ја соопшти вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, на заедничка прес-конференција со вицепремиерот на Црна Гора, Филип Ивановиќ.

Николоски очекува воспоставувањето на авиолинијата да придонесе за зголемување на бројот на патници и поинтензивна размена меѓу двете држави, но и за развој на туризмот и бизнис-соработката.

„Истата ќе оперира, за почеток, двапати неделно. Ќе стартува од 1 мај и се надевам дека сериозно ќе придонесе во зголемување на, не само бројот на патници и размена помеѓу двете држави, но и зголемување на туризмот и на бизнисот“, изјави Николоски.

На средбата двајцата вицепремиери разговарале и за можностите за унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Црна Гора.

Како дел од договорените активности, следната година треба да биде организиран голем бизнис-форум на кој ќе учествуваат компании од двете земји, со цел отворање нови можности за деловно поврзување и заеднички инвестиции.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни