4NEWS.mk

Женскиот центар „Бисера“ од Охрид ќе го одбележи Меѓународниот ден на таткото

Женскиот центар „Бисера“ од Охрид и оваа година традиционално ќе го одбележи 13 септември – Меѓународниот ден на таткото.

По тој повод Здружението објавува награден конкурс за ликовни и литературни творби на тема „Татко“, на која со ликовни и литературни творби можат да се пријават ученици од сите основни училишта на територијата на општина Охрид, како и најмладите од општинските детски градинки.

Конкурсот ќе трае до 10 септември 2019 година, а прогласувањето на најдобрите творби и доделувањето на сиболичните награди ќе биде во рамки на манифестацијата што по повод Меѓународниот ден на таткото ќе се одржи на 13 септември во ОУ „Свети Климент Охридски“ во Охрид со почеток во 18 часот. 

Извор: Сител телевизија

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Андреј Петров, платформа 12:05 29.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни