Македонија

Пијани малолетници во локали во Карпош, едно лице заврши на Токсикологија – приведен и сопственик на локал

Пијани малолетници во локали во Карпош, едно лице заврши на Токсикологија – приведен и сопственик на локал

Малолетници во тешка алкохолизирана состојба биле затекнати при полициска контрола во угостителски објект во скопската општина Карпош. Осум лица биле приведени во полициска станица, а едно лице било пренесено на Клиниката за токсикологија за укажување лекарска помош.

Како што дознава 4NEWS.MK, случајот се поврзува со угостителските објекти „Ревија“ и „Мартини“, каде што, според информациите на редакцијата, малолетници консумирале алкохол во големи количини.

Според неофицијалните информации што ги добил 4NEWS.MK, приведен е и сопственикот на локалот „Ревија“, за кого се тврди дека е полициски службеник. Според истите сознанија, тој наводно дозволувал малолетни лица да консумираат алкохол во објектот. Овие детали засега не се официјално потврдени од надлежните институции.

Од Министерството за внатрешни работи официјално информираат дека денеска (1 ноември 2026 година), полициски службеници од СВР Скопје, ЕВР – ОКР Карпош, постапувајќи по претходно добиени сознанија за точење алкохолни пијалаци на малолетници, извршиле контрола во угостителски објект на подрачјето на Карпош.

При контролата биле затекнати малолетни лица во видно алкохолизирана состојба. Во Полициската станица Карпош биле приведени осум лица, а при алкотестирањето кај сите било утврдено присуство на алкохол во организмот.

Едно од лицата затекнати во објектот било пренесено на Клиниката за токсикологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Од МВР најавуваат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок согласно член 204 од Кривичниот законик, кој се однесува на точење алкохолни пијалаци на малолетници.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни